ВО НОВИ ПАЗАР ГРЧКИ КИК-БОКСЕР ИЗЕДЕ ЌОТЕК НАДВОР ОД ТЕРЕНОТ Победил локален натпреварувач, го истепале навивачи
Приведените се четири лица на возраст од 28 до 52 години, а српската полиција издаде потерница по уште четири лица на возраст од 28 до 33 години кои се во бегство.
Четири лица се уапсени под сомнение дека физички нападнале натпреварувач од Грција и членови на неговиот тим по натпревар во кикбокс во српскиот град Нови Пазар.
Приведените се на возраст од 28 до 52 години, а српската полиција издаде потерница по уште четири лица на возраст од 28 до 33 години кои се во бегство.
„Идентификацијата на другите учесници е во тек, а јавноста ќе биде навремено информирана за тоа“, соопшти Обвинителството во Нови Пазар.
Инцидентот, како што денеска јавија српските медиуми, се случил во неделата вечер, кога голем број луѓе нападнале кикбоксер од Грција и членови на неговиот тим откако извојувал победа против локален натпреварувач од Нови Пазар.