Во новата „Јавна соба“ споделуваат и Срби

МВР веќе контактирало со српските колеги а првичните официјални информации се дека во оваа група најмногу се споделуваат фотографии и видео клипови од жртви од Србија.

1,252

Ништо не допира до членовите на „Јавна соба“, кои се префрлија во друга група па и понатаму се споделуваат фотографии и клипови, а тука сега членуваат и државјани од Србија, информира Телма.

МВР веќе контактирало со српските колеги, а првичните официјални информации се дека во оваа група најмногу се споделуваат фотографии и видео клипови од жртви од Србија.






Од „Телеграм“ кој одбиува да соработува во делот на документирање и идентификување на членовите е побарано да ја затвори и оваа група.

Засега нема нови приведени во врска со овој скандал.

Од МВР велат дека имаат идентификувано уште членови на групата за кои се собираат докази пред да бидат приведени.

Поврзани содржини