Две нови епизоди од долгиот разговор на лидерот на СДСМ Зоран Заев со мутираниот глас се објавени на Јутјуб.
Тема на овие две снимки е односот на Заев кон поранешниот лидер Бранко Црвенковски.
На почетокот Заев се фали дека тој го презел и го финансира СДСМ и дека не му се потребни ни Бранко ни луѓето на Бранко.
Потоа лидерот на СДСМ објаснува дека Бранко Црвенковски сега нема никакво влијание во партијата.
Прв пат слушаме како Заев се фали дека има 8,5 милиони евра капитал.