ВО НОРВЕШКА ЗА ТОА СЕ ПОНЕСУВА ОДГОВОРНОСТ! Министерката за здравство поднесе оставка поради плагијат

Универзитетот Норд во Бодо, каде што во 2021 година магистрирала норвешката министерка за здравство Ингвилд Кјеркол, по извршената истрага потврдил дека нејзиниот магистерски труд е плагијат.

621

Норвешката министерка за здравство, Ингвилд Кјеркол (48) денеска поднесе оставка по обвинувањата дека нејзиниот магистерски труид е плагијат. Универзитетот Норд во Бодо, каде што ја поднела магистерската во 2021 година, по извршената истрага вчера потврди дека нејзината магистерска е плагијат.

– Дојдовме до заклучок дека Ингвилд треба да поднесе оставка од функцијата министер – изјави премиерот Јонас Гар Стур, додавајќи оти истрагата утврдила дека плагијатот бил „намерен“.






Кјеркол истакна дека таа и коавторот „немале намера да копираат туѓи достигнувања“.

– Иако боли затоа што не ви веруваат, мора да го прифатиме фактот дека Универзитетот има поинакво мислење – истакна Кјеркол на заедничката прес-конференција со Гар Стур.

Таа ја презеде министерската функција во октомври 2021 година, кога Гар Стур ја претстави коалициската влада, составена од неговата Лабуристичка партија и Партијата на центарот.

Поврзани содржини