Во Норвешка повеќе од 7.900 случаи на ковид-19

327

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Норвешка во изминатите 24 часа се зголеми за 56 со што вкупниот број на заразени сега изнесува 7.903, соопштија локалните здравствени власти.

Во последните две седмици порастот на нови болни е стабилен – по стотина лица на ден или помалку.






Во Норвешка од Ковид-19 досега починале вкупно 214 луѓе, а на болничко лекување се 82 лица.

Владата во Осло месецов почна да ги олеснува ограничувањата воведени поради пандемијата. Отворени се детските градинки, со настава почнаа и учениците од пониските одделенија, а отворени се и фризерските салони и други видови бизниси во кои има лични контакти. Укината е и забраната за патување во викендички вон градовите

Поврзани содржини