ВО НОЕМВРИ ЛАНИ БИЛА ОДОБРЕНА ИЗГРАДБА НА 542 СТАНА Издадени биле 260 одобренија за градба

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (59,6 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22,7 %) за објекти од нискоградба и 46 (17,7 %) за објекти за реконструкција.

39

Во ноември 2024 година биле издадени 260 одобренија за градење, што е за 18,2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.250.392.000 денари, што е за 63,8 % помалку во однос на ноември 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградба со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан (интерконективен) гасовод Република Северна Македонија – Грција.






Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (59,6 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22,7 %) за објекти од нискоградба и 46 (17,7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 260 објекти, на 146 (56,1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (43,9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49.111 м2.

Поврзани содржини