ВО НИВНО ВРЕМЕ СО ПРОСЕЧНА ПЛАТА МОЖЕШЕ ДА СЕ КУПАТ 170, А СЕГА 270 ЧЕТВРТИНИ БУРЕК! Ковачевски му реплицира на Мицкоски со пресметка во буреци

Јас сум економист, бурек економија не постои, но во времето на ВМРО-ДПМНЕ со една просечна плата можеле да се купат 170 четвртини бурек, а денес можат да се купат 270 четвртини бурек - рече Ковачевски.

1,055

СДСМ и коалицијата на изборите ќе освои повеќе пратенички мандати од опозицијата. Следниот мандатар на 9 мај, на денот на победата над фашизмот, повторно ќе бидам јас и ќе ја формираме проевропската влада со која што во 2030 година ќе влеземе во Е – рече лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во вечерашното интервју во Тема на денот на телезија Сител.

Тој рече дека СДСМ ќе има носители во сите шест изборни единици, одлуките за тоа ќе ги носат партиските органи, а ќе бидат бирани од редот на истакнати и препознатливи членови на партијата.






Прашан колку пратенички мандати очекува да освои СДСМ на претстојните избори, со оглед на резултатите од анкетите, Ковачевски посочува на анкетите од 2020 година кои покажувале предност на ВМРО-ДПМНЕ, а победила СДСМ и коалицијата.

– Во овие две години и три месеци како претседател на СДСМ и две години и скоро еден месец како претседател на Владата научив дека прогнозите што ги дава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се секогаш погрешни. На пример во почетокот на енергетската криза најголема по Втората светска војна, тој и неговата партија предвидуваше 40 проценти зголемување на цената на електична енергија. Тоа не се случи. Потоа предвидуваа дека нема да има електрична енергија, но и тоа не се случи. Предвидуваа дека нема да отпочнеме преговори со ЕУ, но по 17 години чекање отпочнавме преговори со ЕУ. Со бројки, тие велеа дека треба да биде минимална плата 8.000 денари, минимална плата денес е 22.500денари. Ние кажавме дека ќе го исполнеме ветувањето за просечна плата 500 евра во државата, а денес просечната плата во државата е 40.000 денари, односно 650 евра…Јас сум економист, бурек економија не постои, но во времето на ВМРО-ДПМНЕ со една просечна плата можеле да се купат 170 четвртини бурек, а денес можат да се купат 270 четвртини бурек – рече Ковачевски.

Тој го повтори ставот на СДСМ кој е, вели, искажан уште во 2019 година, дека не поддржуваат избор на претседател на државата во Собранието. Ова, како што вели, не се темели на една реченица туку на аргументи, а тоа е дека постојниот модел на избор кај нас обезбедува искажување на јасно мислење на сите етнички заедници во државата, на сите грѓаани и на сите политички партии .

– Ние не треба да се враќаме чекор назад во демократските процеси, наведува Ковачевски.

Ковачевски очекува до септември-октомври со добра организација да може да се заокружи целиот процес со замена на пасошите со новото име на државата што произлезе од Преспанскиот договор.

– Менувањето на личните докумени произлегува од меѓународен договор којшто е ратификуван во Собранието. Ако се носат други закони кои го дерогираат Законот за ратификација на меѓународен договор, тогаш влегуваме во друг проблем. Затоа сметам дека ова прашање не треба да се користи за обвинувања и во никој случај не треба да се користи за казнување на граѓаните – наведува тој.

Во однос на законите за стратешки проекти од областа на енергетиката, тој кажа дека на државата ѝ се потребни вакви енергетски стратешки објекти затоа што постоечките се стари и по 45 години. Според него, не е точно дека не се консултирани експерти.

 

Поврзани содржини