ВОЈНИКОТ ОД БАТИНЦИ Е УБИЕН ОД НАСИЛНИК ШТО САКАЛ ДА СЕ ОЖЕНИ СО ЌЕРКА МУ Девојката го одбила, тој ги пресретнал пред селото и пукал

Вчера ѝ се јавил на телефон, а таа го одбила повикот. По ова, убиецот ги пресретнал таткото и ќерката пред селото Батинци и пукал, при што го убил таткото  А.М. (50), соопшти полицијата.

1,341

Професионалниот војник беше убиен од насилникот Џ.М., кој сакал да се ожени со неговата 20-годишна ќерка, Е.М..

Таа во претходниот период ги одбивала неговите понуди, а тој ѝ се заканувал.






Вчера ѝ се јавил на телефон, а таа го одбила повикот. По ова, убиецот ги пресретнал таткото и ќерката пред селото Батинци и пукал, при што го убил таткото  А.М. (50).

Полицијата денеска ги соопшти детаљите за злосторството.

„На 11.7.2025 година околу 10.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот на селото Батинци, скопско, Џ.М. пукал кон А.М. (50) од Батинци. А.М. бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 11 часот им подлегнал на повредите. Според пријавеното од страна на Е.М. (20), ќерка на А.М., тие околу 8.30 часот биле на Клиниката за неврологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, при што Џ.М., се обидел телефонски да контактира со неа. Таа одбила, затоа што во претходниот период Џ.М. ѝсе заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Потоа, А.М. и Џ.М. со возило се упатиле кон домот во селото Батинци, но на влезот на селото, патот им бил попречен од возило. Од возилото излегол Џ.М. и пукал кон А.М.“, соопшти полоцијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во соопштението.

УБИЕН ПРИПАДНИК НА АРМ ВО БАТИНЦИ Донесен во болница без знаци на живот

Поврзани содржини