ВО „НИКОБ ЛАБ“ Промотивни цени за алерготестови цел мај
Во Никоб лаб се изработуваат најсовремени квантитативни алерготестови преку крв од производителот Polycheck® произведени во Германија.
Сезоната на алергиите е во полн ек, а симптомите како кивање, кашлање, пецкање и чешање на очите и носот се најчести при алергиски реакции. Отстранете го секој сомнеж и бидете сигурни што ги предизвикува овие симптоми.
Во „Никоб лаб“ се изработуваат најсовремени квантитативни алерготестови преку крв од производителот Polycheck® произведени во Германија.
Предноста на тестовите кои се изведуваат преку крв: безбедност за пациентот – нема никаков контакт со алергените, терапијата која ја прима за алергии нема никаква интерференција со тестот и не треба да се прекинува, може да се изработи во кое било време, сигурност во резултатот – точно ги идентификува алергените.
По повод Светскиот ден на астмата, „Никоб лаб“ нуди промотивни цени на: панел за инхалациони алергени со 20 алергени, панел за инхалациони алергени со 30 алергени и педијатрискиот панел со 30 алергени.
Дополнително во „Никоб лаб“ нудат и панел за нутрициони алергени со 30 алергени и панел за нутрициони алергени со 10 алергени.
Линк до опис на видови на алергени во панелите: https://nikoblab.mk/promotivni-ceni-za-alergo-testovi/
Цените на пакет услугите се следни:
– Инхалационен панел со 20 алергени – 2000 ден.
– Инхалационен панел со 30 алергени – 3000 ден.
– Педијатриски панел со 30 алергени – 3000 ден.
– Прехранбен панел со 30 алергени – 3000 ден.
– Прехранбен панел со 10 алергени – 1500 ден.
Истовремено, продолжува промоцијата за подарок, со секој направен ковид 19 тест – ПСР тест, брз антигенски тест или која било биохемиска анализа се добива подарок шише преубаво црвено вино од новата урбана винарија „Парагон“.