ВОЈНИК ОД „АЗОВСТАЛ“ ЈА ПЕЕ „СТЕФАНИЈА“ Евакуацијата договорена, ранетите борци ќе се пренесуваат со автобус (ВИДЕО)

На 16 мај, како резултат на преговорите со претставници на украинскиот воен персонал блокиран на територијата на металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, беше постигнат договор за евакуација на повредените, вели руското Министерство за одбрана.

3,003

Видео на ДејлиМејл од војник од челичарницата „Азовстал“ кој ја пее победничката евровизиска песна „Стефанија“ додека во негова близина паѓаат бомби ги освои социјалните мрежи. Денеска руската и украинската страна постигнаа договор за евакуација на повредените цивили и војници. Тие ќе бидат одведени со автобуси и ќе завршат во болница во Новозаовск во самопрогласената Доњецка Народна Република. Во првата група ќе има 50-тина луѓе.






„На 16 мај, како резултат на преговорите со претставници на украинскиот воен персонал блокиран на територијата на металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, беше постигнат договор за евакуација на повредените“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Поврзани содржини