ВОЈНИК НА КРАЛИЦАТА ПРЕГАЗИ ДЕТЕ Гардистот се свртел и продолжил да маршира (ВИДЕО)
„Војникот се обиде да го прескокне детето и продолжи да ја обавува својата должност“, се правдаше портпаролот на кралската гарда по инцидентот.
„Направи премин!“, извикал војник од гардата на Кралицата Елизабета во Британија, а потоа прегазил дете пред Лондонската кула, кое за среќа останало неповредено. Гардата продолжила да маршира. Наскоро, видеото од војникот го виделе 6 милиони луѓе кои се згрозени од овој чин.
„Војникот се обиде да го прескокне детето и продолжи да ја обавува својата должност“, се правдаше портпаролот на кралската гарда по инцидентот.
Непознатото момче било забележано како се враќа на истото место штом стражарот поминал покрај него. Војниците се дел од гардата на кралицата, полк на британската армија задолжен за заштита на монархијата, вклучувајќи ја и Бакингемската палата, и тие се познати по својата сериозност.
Сепак, по инцидентот, војникот го погледнал детето за да се увери дека сè е во ред.