ВО НЕДЕЛА ВО „LA NOI“ СЕ ПАЗАРИ ЕДИНСТВЕНО ПРЕКУ „WOLT“ Ова го трансформира „La Noi“ во еден од најуспешните партнери на платформата
Во период кога малите маркети најчесто се фокусираат како да ги задржат локалните купувачи, Марија Тасиќ заедно со своето семејство развива концепт што ги спојува маалската продавница, внимателно селектирана понуда и дигитална продажба преку технолошки иновативната платформа за достава на Wolt.
Од маалски маркет до дигитален фаворит на скопјани, или како La Noi го задржа својот препознатлив карактер и со Wolt го прошири својот дофат до потрошувачи надвор од неговата непосредната локација, покажувајќи како дигиталните платформи можат да отворат нови можности за раст на малите, семејни бизниси во Македонија.
Ова е приказна за тоа како технологијата може да помогне да се надминат просторните ограничувања во еден секојдневен трговски бизнис, низ искуството на основачот и сопственичка на La Noi, Марија Тасиќ. Во период кога малите маркети најчесто се фокусираат како да ги задржат локалните купувачи, Тасиќ заедно со своето семејство развива концепт што ги спојува маалската продавница, внимателно селектирана понуда и дигитална продажба преку технолошки иновативната платформа за достава на Wolt. Нивниот пример покажува дека локалниот маркет може да го задржи својот препознатлив карактер, а истовремено да го прошири својот дофат и надвор од непосредната локација. Преку Wolt, La Noi веќе не е ограничен на купувачите кои поминуваат низ маалото, сега услужува потрошувачи низ цело Скопје, со што го зголемува потенцијалот за продажба и ја зајакнува отпорноста на бизнисот.

Сместен спроти Машинскиот и Технолошкиот факултет во Скопје, La Noi е мал маркет со специфичен модел на работење. Името „La Noi“, кое на влашки значи „кај нас“, упатува на концепт заснован на блискост со купувачите и препознатлива услуга. Но, зад тој локален карактер стои и јасно организиран оперативен модел. Особено е видлив во недела, кога маркетот не работи за физички посетители.
– Недела работиме само онлајн, исклучиво за Wolt – објаснува Марија, основач и сопственик на бизнисот.
Оваа стратешка одлука го трансформира „La Noi“ во еден од најуспешните партнери на платформата, каде што неделата е резервирана за големите семејни набавки кои стигнуваат до прагот на купувачите низ цело Скопје. Наместо да затвори еден ден во неделата, продавницата ја претвора неделата во еден од најсилните продажни денови, кога генерира дополнителен приход, а истовремено ги оптимизира оперативните трошоци.
– Може да се рече дека развиваме еден ‘хибриден концепт’ и тоа е една од работите која нѐ издвојува од други маркети. На простор од 150 квадрати, ‘La Noi’ нуди внимателно избрани ‘топ селери’ од врвни брендови, но и раритети кои тешко се наоѓаат во големите трговски ланци. Со сопругот сме своевидни „ловци на ретки производи“, а со тоа и големи поддржувачи на мали локални бизниси. Затоа кај нас може да најдете и производи кои може да ги има на само уште друго место – вели Марија.

La Noi е семеен бизнис што во 2020 година, во периодот на ковид-пандемијата заедно го основаат Марија Тасиќ и нејзиниот сопруг со повеќе од 30 години искуство во трговија. Од почетокот им се придружува и најстарата ќерка, но подоцна поддршка добиваат и од своите две помали деца. Марија, која по професија е маркетер, го гради концептот со јасен фокус на искуството на купувачот, а паралелно ја внесува и својата долгогодишна пасија кон слаткарството и пекарството.
Резултатот е импресивен: денес, куририте на Wolt влегуваат во маркетот на секои три до четири минути. Додека најголемата нарачка што досега ја добиле преку платформата е со околу 237 производи од речиси 4 000 производи колку што се понуди на платформата.
Најголемиот предизвик за Марија бил како да го пренесе гостопримството, по кое се познати меѓу соседите, затоа што е и продавницата каде може и да ве почестат кафе. Решението го препознале во малите гестови. Секоја ќеса што заминува со курир често содржи рачно напишано куса порака или мал подарок.
– Сакаме луѓето да нè препознаат иако можеби никогаш не стапнале во нашиот дуќан. Имаме редовни купувачи на Wolt со месеци, со кои веќе се чувствуваме блиски – вели Марија.
Дигиталниот дофат, разбрале дека не значи губење на личниот допир, туку негово проширување.
Не смее да се заборави нивниот „Snack Corner“. Свежо печениот леб, за кој доаѓаат купувачи од сите страни на Скопје и е меѓу најбараните артикли на Wolt. Лебот се пакува со посебна заштита, во две ќесички, за да стигне тазе и недопрен до домовите.
– Работата е колку ќе се посветиш и колку сакаш да се вложиш за твојот бизнис да успее – заклучува таа.
Во светот на „La Noi“, тој влог е целото семејство, а резултатот е маркет со душа кој неделата ја претвори во празник за онлајн купувачите и силен пример како локалните бизниси во Скопје можат да растат преку дигиталната трговија, а притоа да останат длабоко вкоренети во својата заедница.