ВО НЕА ГЛЕДАШЕ ЦЕЛ БЕРЛИН Поранешната девојка на Дикаприо остава без здив (ФОТО)
Манекенката и актерка Тони Гарн (30) синоќа присуствуваше на премиерата на филмот „She Came To Me“ во Берлин, на Меѓународниот филмски фестивал Берлинале и измами воздишки...
Манекенката и актерка Тони Гарн (30) синоќа присуствуваше на премиерата на филмот „She Came To Me“ во Берлин, во склоп на Меѓународниот филмски фестивал Берлинале и измами воздишки…
За црвениот тепих Тони Гарн се одлучи за ефикасна креација составена од долго, тесно здолниште и топ-маица со проѕирен дел – креација на Армани. Завидната фигура на манекенката дојде до израз од секој аспект, но и еден детаљ – прстен на носот.
View this post on Instagram
Германската манекенка е една од најпознатите во модниот свет. Тони Гарн кариерата ја започнала на 15 години на ревија на луксузниот бренд Келвин Клајн. Работела и за „Диор“, „Шанел“, „Долче и Габана“, а соработувала и со брендот „Викторијас сикрет“. Таа се појави на насловните страници на „Вог“, „Космополитен“, „Ел“, „В магазинот“, „Гламур“…
View this post on Instagram
Таа се појави во сериите „You Are Wanted“, „Head Full of Honey“, како и во спотот „La Cintura“.
Нејзината извонредна убавина го маѓепса и холивудскиот срцекршач Леонардо Дикаприо со кој беше во врска од 2013 до 2014 година.
Тони Гарн сега е во среќна врска, свршена е со актерот Алекс Петифер, со кој има ќерка.
View this post on Instagram
На годинашното Берлинале ќе продефилираат бројни светски ѕвезди. Американската актерка Кристен Стјуарт е претседателка на жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.