ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Сега сѐ е во рацете на Русите и на Украинците. Тие знаат какви се условите за мир и на нив е да постигнат договор, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи: „Но оваа брутална војна нема да заврши брзо“.

513

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека крајот на војната во Украина не е на повидок, иако двете страни сега јасно ги знаат условите една на друга за можна мировна спогодба.

– Сега сѐ е во рацете на Русите и на Украинците. Тие знаат какви се условите за мир и на нив е да постигнат договор, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи: „Но оваа брутална војна нема да заврши брзо“.






Венс, исто така, изјави дека одговорот на Индија за нападот во Кашмир треба да биде изведен внимателно за да не се прошири конфликтот во регионот.

Тој додаде дека САД се надеваат дека Пакистан ќе соработува со Индија во борбата против терористичките групи кои делуваат од пакистанска територија.

САД ЌЕ РАБОТАТ ВО СЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА ДА СЕ ПОСТИГНЕ МИРОВЕН ДОГОВОР Дипломатијата треба да ги зближи позициите на Украина и на Русија

Поврзани содржини