ПРАВДАТА И ОДГОВОРНОСТА МОРА ДА НАДВЛАДЕАТ Османи се обрати во ОН на двегодишнина од конфликтот

Тој воедно ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина. Османи додаде дека ова е единствениот начин да се врати мирот и да се создадат услови за понатамошен дипломатски ангажман за праведно и одржливо решение во согласност со меѓународното право и целосното почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

197

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк се обрати на брифингот наменет за двегодишнина од војната во Украина.

– Две години од инвазијата на Руската Федерација на Украина – очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право – истакна Османи во неговото обраќање.






Тој воедно ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина. Османи додаде дека ова е единствениот начин да се врати мирот и да се создадат услови за понатамошен дипломатски ангажман за праведно и одржливо решение во согласност со меѓународното право и целосното почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

– Руската агресија против Украина ја прекршува Повелбата на ОН, која го поддржува нашиот мирен соживот и глобалната безбедност – рече Османи додавајќи дека во текот на овие две години, народот на Украина покажа издржливост и извонредна храброст во борбата за својата слобода и независност.

Османи потенцираше дека правдата и одговорноста мора да надвладеат и дека одговорноста не е цел сама по себе, според него тоа е неопходна алатка за обезбедување на мирот, стабилноста и безбедноста и најефективниот инструмент за да се избегне ова да се повтори, на друга суверена држава, на друга нација.

– Во овие тешки времиња, Северна Македонија ќе продолжи да стои покрај Украина и нејзиниот народ, со надеж дека разумот ќе надвладее и дека животот наскоро ќе се врати во нормала – рече Османи.

 

Поврзани содржини