ВОЈНАТА ВО ИРАН НЕ Е ВОЈНА НА ЕВРОПА, НО ВО ЗАЛОГ СЕ ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕРЕСИ Калас порача дека не се јасни политичките цели на тој конфликт

Војните лесно почнуваат и е многу тешко да бидат прекинати, рече денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна работи и безбедност Каја Калас по средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Брисел.

75

Европа не е вклучена во војната во Иран, оти тоа не е војна на Европа, но во залог се европските интереси, рече денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна работи и безбедност Каја Калас.

– Политичките цели на таа војна се нејасни. Војните лесно почнуваат и е многу тешко да бидат прекинати – истакна Калас по денешната средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Брисел.






Таа посочи дека на средбата се разговарало како Ормускиот Теснец да остане отворен за пловидба.

Калас посочи и дека ЕУ денеска воведе санкции против 16 лица и 3 организации кои ги смета за одговорни за сериозно кршење на човековите права во Иран при задушување на протестите во земјата на почетокот од годината.

На денешниот состанок во Брисел се разговараше и одлуката на САД за привремена суспензија на санкциите за руската нафта.

– ЕУ ги задржува своите санкции. Ако сакаме војната во Украина да заврши, Москва мора да има помалку, а не повеќе пари за водење војна. Донесувањето одлуки за воведување нови санкции против Русија и за обезбедување заем за Украина од 90 милијарди евра е одамна задоцнето – посочи Калас, додавајќи оти европските министри за надворешни работи потврдија дека Украина останува врвен безбедносен приоритет на ЕУ.

 

Поврзани содржини