ВОЈНАТА ВО ИРАН Е ДАЛЕКУ ПОВАЖНА ОД ТОА МАЛКУ ДА ПОСКАПИ БЕНЗИНОТ Трамп очекува пад на цената на горивата за 5 недели колку што ќе трае војната

Од почетокот на војната, глобалните цени на нафтата се зголемиле за 16%, додека просечната национална цена на бензинот во САД се зголемила за 27 центи во споредба со минатата недела и изнесува 3,25 долари за галон, што е за 15 центи повеќе од пред една година.

867

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека не е загрижен за зголемувањето на цените на горивата во САД, поттикнати од ескалацијата на конфликтот со Иран.

– Не сум загрижен за тоа. Тие брзо ќе паднат кога ќе заврши ова, а ако се зголемат, нека се зголемат, но ова е многу поважно од малку зголемување на цените на бензинот – рече Трамп во интервју за Ројтерс,






Трамп проценува дека воената кампања против Иран би можела да трае четири до пет недели, иако политичките и воените експерти го доведоа во прашање тој рок, истакнувајќи дека администрацијата сè уште не ја дефинирала јасно крајната цел на операцијата.

Тој вели  дека не планира да ги искористи стратешките резерви на нафта, најголемите вонредни резерви на сурова нафта во светот, и изразил верување дека Ормускиот теснец ќе остане отворен бидејќи, како што вели, иранската морнарица е „на дното на морето“.

Од почетокот на војната, глобалните цени на нафтата се зголемиле за 16%, додека просечната национална цена на бензинот во САД се зголемила за 27 центи во споредба со минатата недела и изнесува 3,25 долари за галон, што е за 15 центи повеќе од пред една година.

Трамп оцени дека цените „не се зголемиле значително“.

Белата куќа проценува дека конфликтот и зголемувањето на цените на горивата што произлегуваат од тоа ќе бидат краткотрајни. Советниците за енергија предупредија дека непромислената интервенција би можела да ги вознемири пазарите и да се врати како бумеранг.

Државниот секретар Марко Рубио најави пакет мерки за ублажување на порастот на цените, но засега е најавено само воведување осигурување од ризик за танкери за нафта со поддршка на САД и можност за поморска придружба низ Ормускиот теснец.

Според изворите, се разгледува привременото укинување на федералниот данок на гориво и олабавување на летните еколошки прописи со цел да се овозможи поголемо мешање на етанол во бензинот. Исто така, се дискутирало и за можното пуштање на нафта од стратешките резерви, но претседателот засега го отфрнува.

Поврзани содржини