📽️ ВОЈНАТА ВО ИРАН ЌЕ ЗАВРШИ КОГА ЌЕ ПОЧУВСТВУВАМ ВО КОСКИТЕ Трамп има нов рок за крај на војната во Заливот
Американскиот претседател ги отфрли извештаите дека САД се соочуваат со недостиг на муниција.
Американскиот претседател вчера изјави дека војната против Иран ќе заврши само кога тој лично ќе почувствува дека е завршена. Како што рече, „кога ќе го почувствувате во коските“.
Трамп изјави за радио „Фокс њуз“ дека не мисли дека војната ќе „трае долго“, но посочи дека само тој ќе знае кога ќе заврши, велејќи дека конфликтот ќе заврши „кога јас ќе го почувствувам, ќе го почувствувам во коските“.
Трамп очекува конфликтот наскоро да заврши, но додаде дека, доколку е потребно, може да продолжи на неодредено време.
– Кога сè ќе заврши, а не мислам дека ќе биде долго, сè ќе се врати на начинот на кој беше многу брзо рече Трамп во интервју за Фокс њуз ( Fox News).
Тој ги отфрли извештаите дека САД се соочуваат со недостиг на муниција.
-Никој нема технологија или оружје што го имаме ние. Далеку сме пред распоредот. Далеку сме напред – рече Трамп и додаде дека САД имаат „практично неограничена муниција. Ја користиме, ја користиме. Можеме да го правиме тоа на неодредено време“.
Trump on when war with Iran will end:
“When I feel it. When I feel it in my bones” pic.twitter.com/liUZkdnSfe
— Headquarters (@HQNewsNow) March 13, 2026
Иако претседателот навести дека одлуката за завршување на војната на крајот ќе се базира на неговата лична проценка, тој рече дека се консултира со клучни помошници, вклучувајќи го министерот за одбрана Пит Хегсет, државниот секретар Марко Рубио и потпретседателот Џ.Д. Венс.
Трамп, исто така, се обиде да ги намали економските последици од конфликтот, велејќи дека американската економија е најголема во светот и дека ќе „закрепне веднаш и многу брзо“.
Неговата администрација се обидува да ja ублажи загриженостa од зголемувањето на цените на нафтата и гасот откако започна воената акција на САД и Израел против Иран во февруари.
Според податоците на Пентагон, војната предизвикала најголемо нарушување на снабдувањето со нафта во историјата и чинела 11 милијарди долари во првата недела.
Пораките на претседателот за зголемувањето на цените на суровата нафта предизвикаа проблеми во односите со јавноста за нафтената индустрија.
„Соединетите Американски Држави се убедливо најголемиот производител на нафта во светот, па кога цените на нафтата растат, ние заработуваме многу пари“, напиша Трамп во среда на социјалната мрежа Truth Social.