ВОЈНАТА ВО ГАЗА ГИ ПРАЗНИ ФУДБАЛСКИТЕ ТРИБИНИ Еве зошто Макаби ќе игра без фанови против Астон Вила

Во ноември 2024 година, по натпреварот меѓу Ајакс и Макаби Тел Авив, во Амстердам избувнаа масовни нереди.

74

Навивачите на израелскиот клуб Макаби Тел Авив нема да можат да присуствуваат на натпреварот од Лигата на Европа против Астон Вила, што ќе се одигра на 6 ноември на „Вила Парк“ во Бирмингем. Одлуката, како што соопшти полицијата на Западен Мидлендс, е донесена поради „безбедносни причини“.

„Оваа одлука се темели на најновите разузнавачки информации и претходни инциденти, вклучително и насилни судири и дела од омраза кои се случија за време на натпреварот меѓу Ајакс и Макаби Тел Авив во Амстердам во 2024 година,“ се наведува во полициското соопштение.






Во ноември 2024 година, по натпреварот меѓу Ајакс и Макаби Тел Авив, во Амстердам избувнаа масовни нереди, при што израелски навивачи беа нападнати од про-палестински демонстранти. Неколку лица беа повредени, дел останаа без пасоши, а околу 60 напаѓачи беа приведени.

Освен тоа, во 2025 година, дербито меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Тел Авив во Тел Авив беше прекинато поради сериозни немири на стадионот „Блумфилд“. Израелската полиција пријави употреба на ракети и проектили, повреди на 12 цивили и тројца полицајци, девет лица беа уапсени, а 16 беа повикани на распит. Мекаби се дистанцираше од насилството, обвинувајќи ги навивачите на Хапоел за инцидентот. Сепак, инцидентот предизвика натамошна загриженост за безбедноста на натпреварите на кои настапува Макаби Тел Авив.

Поврзани содржини