ВОЈНАТА СЕРИОЗНО ГО ЗАГРОЗУВА СНАБДУВАЊЕТО СО ВЕШТАЧКИ ЃУБРИВА Постои недостиг на репроматеријали, а цената вртоглаво расте

повеќе од 30% од светските пратки на уреа и околу 20% од пратките на азотни ѓубрива и фосфати минуваа низ Ормускиот теснец.

117

Војната на блискиот Исток се заканува на снабдувањето со храна преку прекин на пратките вештачки ѓубрива, предупредуваат експертите и Меѓународната агенција за енергија (МАЕ).

Пред војната, повеќе од 30% од светските пратки на уреа и околу 20% од пратките на азотни ѓубрива и фосфати минуваа низ Ормускиот теснец.






Прекините во транзитот, велат од МАЕ, дополнително го затегнаа веќе ограниченото снабдување со вештачки ѓубрива, со ризик од зголемување на цените на храната и можни проблеми во снабдувањето со прехранбени производи.

Прекинот на транзитот низ Ормутскиот теснец предизвика скок на цените на вештачките ѓубрива на светските пазари, бидејќи гасот е клучна суровина во нивното производство.

Бројни фабрики во земјите од Персискиот Залив беа принудени да го прекинат производството на вештачки ѓубрива поради конфликтот, особено во Катар.

– Речиси половина од светскиот сулфур и една третина од уреата се произведуваат во регионот на Персискиот Залив -вели Сара Марлоу, експерт за вештачки ѓубрива во британската издавачка куќа Аргус Медиа.

Големите производители на храна, како што се Соединетите Американски Држави и Австралија, купуваат голем дел од уреата и фосфатните вештачки ѓубрива токму во земјите од Персискиот Залив. Бразил, најголемиот светски производител на соја, увезува поголем дел од својата уреа од Катар и Иран, кои ја извезуваат во Турција и Мексико. Индија, од друга страна, зависи од саудиските фосфатни ѓубрива.

Европа увезува само 11% од уреата од регионот на Персискиот Залив, па на прв поглед се чини дека нема да страда премногу. Сепак, последиците за Стариот континент веројатно ќе бидат индиректни бидејќи Европа набавува голем дел од ѓубривата на база на фосфор во Мароко, чие производство зависи од увозот на сулфур од земјите од Персискиот Залив. ЕУ, исто така, набавува повеќе од една четвртина од својата странска уреа од Египет, за кој испораките преку гасоводот од Израел се суспендирани, според консултантот на „Аргус Медиа“, Артур Портие.

Од почетокот на војната, цената на египетската уреа скокна од 500 долари за тон на над 650 долари за тон. Ова значи дека европските земјоделци ги чувствуваат последиците директно преку цените на горивата, заклучува Портие.

Индија, од друга страна, увезува гас од Блискиот Исток за потребите на производство на ѓубрива и е принудена да ја рационализира потрошувачката во индустријата. Бангладеш привремено затвори пет од своите шест фабрики за ѓубрива.

Високите цени би можеле да ги спречат најсиромашните земји да пристапат до вештачки ѓубрива, објавија Обединетите нации минатата недела.

-Светската побарувачка за вештачки ѓубрива базирани на азот, како што се уреа, амониум нитрат и калиум, постојано расте, а главниот двигател на растот е Азија – вели Силвен Пелерин од францускиот институт за земјоделски истражувања INREA.

Според пресметките на INREA, без овие три клучни вештачки ѓубрива, одгледувањето земјоделски култури во светот ќе се намали за една третина.

Поврзани содржини