ВОЈНАТА СЕ ШИРИ ВО СИРИЈА „Веќе започна“, вели претставник од Обединетите Нации
Прелевањето на војната во Сирија повеќе не е само ризик, таа веќе започна, изјави претставникот на ОН за Сирија.
Војната меѓу Израел и Хамас се шири во Сирија, поттикната од растечката нестабилност, насилството и недостатокот на напредок кон политичко решение на 12-годишниот конфликт, изјави денеска Гир Педерсен, специјален пратеник на Обединетите нации.
– Прелевањето на војната во Сирија повеќе не е само ризик, таа веќе започна – изјави тој.
UN Special Envoy for Syria Geir Pedersen sounds the alarm over the dramatic collapse in economic conditions throughout the country. pic.twitter.com/Mkjus2pvWY
— China Xinhua News (@XHNews) June 16, 2020
Педерсен укажа на воздушните напади кои му се припишуваат на Израел, кои неколкупати ги погодија сириските аеродроми во Алепо и Дамаск, и одмаздата на Соединетите Држави за, како што рече, повеќекратните напади врз нивните сили „од групи за кои тврди дека се поддржани од Иран, вклучително и на сириска територија.“
Со оглед на тоа дека регионот е „најопасниот и најтензичниот“, рече тој, „гориво се додава на огнот што веќе почна да се разгорува“ во Сирија, каде што имаше зголемување на насилството и пред 7 октомври.