🎥 ВОЈНАТА СЕ ШИРИ, ХЕЗБОЛАХ ГО НАПАДНА ИЗРАЕЛ Тел Авив го бомбардира Либан, убиени лидери на либанската милиција

Според медиумите во Саудиска Арабија Израел го убил лидерот на парламентарното крило на Хезболах, Мохамед Раада, а на социјалните мрежи се објавува дека Израел со бомбардирањето со борбени авиони го убил целото раководство на милицијата. Израелската армија, пак, објави дека погодиле неколку високо рангирани членови на Хезболах во Бејрут.

355

Конфликтот на Блискиот Исток продолжува да се шири, Израел го бомбардираше Либан, откако синоќа либанската милиција Хезболах, поддржана од Иран, испука неколку ракети кон Израел. И милиција која дејствува во Ирак тврди дека нападнала американска воена база во земјата.

Израел одговори со бомбардирање на јужните предградија на Бејрут и други делови на северната соседна земја. Истовремено, израелските воздухопловни сили, според наводите на војската, почнаа нов бран напади во самиот центар на Техеран, а американската војска продолжува со нападите врз Иран.






Според медиумите во Саудиска Арабија во бомбардирањата Израел го убил лидерот на парламентарното крило на Хезболах, Мохамед Раад. Но, на социјалните мрежи се објавува дека само 30 минути по испукувањето на ракетите на Хезболах, Израел со бомбардирање со борбени авиони го убил целото раководство на милицијата. Израелската армија, пак, објави дека погодиле неколку високо рангирани членови на Хезболах во Бејрут и „клучен терорист на Хезболах“ во јужен Либан, но не ги потврди имињата.

Либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека лансирањето ракети кон Израел им штети на напорите за поштедување на Либан од регионален конфликт. Дописниците на „Ал-Арабија“ објавија дека сите училишта и образовни институции во Либан се затворени.

Ова е прв пат од почетокот на прекинот на огнот меѓу Хезболах и Израел во ноември 2024 година, милиција поддржана од Иран да испука ракети кон Израел. Хезболах како причина за нападот го наведе убиството на иранскиот ајатолах Хамнеи во Техеран во саботата.

Израелската армија соопшти дека пресретнала една ракета од Хезболах, а другите паднале на отворена површина.

– Хезболах сноси целосна одговорност за каква било ескалација – изјави началникот на израелскиот Генералштаб, Ејал Замир, во текот на ноќта.

Израелскиот командантот Рафи Мило утрово по првиот бран офанзиви рече дека нападите во Либан ќе продолжат, а нивниот интензитет ќе се зголеми.

– Хезболах го избра иранскиот режим пред либанската држава и почна напад врз нашите цивили. Бевме подготвени – и тие ќе платат скапо. Веднаш по ракетниот оган од страна на Хезболах, според планот, го почнавме првиот голем бран напади врз Бејрут и јужен Либан, насочени кон високи оперативци, команди и терористичка инфраструктура. Исто така, работиме на евакуација на цивили од јужен Либан пред нови напади – рече генерал-мајор Мило.

Милицијата во Ирак, Сараја Аулија ал-Дам, соопшти дека рано утрината ја нападнала американската база во близина на аеродромот со дрон, објави групата. И таа наведува дека причина за нападот е одмазда за смртта на Хамнеи и поддршка за Иран. За овој напад засега нема официјална потврда од Ирак или од американската војска.

Поврзани содржини