ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК МОЖЕ ДА ЕСКАЛИРА ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Туск има информација дека стабилизацијата не е веројатна
Може да видиме нова ескалација на Блискиот Исток, рече полскиот премиер Доналд Туск.
Постојат причини да се верува дека конфликтот на Блискиот Исток би можел да ескалира во наредните денови, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.
– Имам причини да верувам, врз основа на информациите што ги добивме од нашите сојузници, дека стабилизацијата не е веројатна во наредните денови. Напротив, може да видиме нова ескалација – додаде Туск во изјава за медиумите.
Тој не изнесе дополнителни информации.