ВОЈНАТА МОЖЕ ДА ЗАВРШИ Зеленски гледа знаци за продолжување на преговорите

По дводневните преговори во Мајами меѓу украинската и американската делегација, Зеленски најави можност за продолжување на разговорите за прекин на војната со Русија.

113

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва истакна дека постојат знаци за можност за продолжување на разговорите за прекин на огнот со Русија, по дводневните средби на украинските и американските преговарачи во Мајами.

– Јасно е дека вниманието на американската страна во моментов е насочено првенствено кон ситуацијата околу Iran и тој регион, но оваа војна што Русија ја води против Украина мора да се заврши – објави Зеленски на социјалните мрежи по средбите на украинската делегација и американските претставници.






Претседателот додаде дека сигналите за можноста за продолжување на разговорите претставуваат добра вест и потврда дека дипломатијата функционира.

Украинската делегација се сретна со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, а разговорите во Мајами траеја два дена и беа насочени кон можните патишта за дипломатско решавање на конфликтот.

Поврзани содржини