ВОЈНАТА ГО МЕНУВА КАЛЕНДАРОТ НА ФОРМУЛА 1 Се откажуваат трките во Бахреин и во Саудиска Арабија

Одлуката е донесена поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и воените дејствија во регионот. Организаторите процениле дека во моменталните услови не постојат гаранции за безбедно одржување на двата настани.

91

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не се одржат трките закажани за април во Бахреин и Саудиска Арабија, а официјалното соопштение се очекува до крајот на неделата.

Трките  беа закажани за април како дел од календарот за сезоната 2026.






Одлуката е донесена поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и воените дејствија во регионот. Организаторите процениле дека во моменталните услови не постојат гаранции за безбедно одржување на двата настани.

Претходно од Формула 1 и ФИА соопштија дека внимателно ја следат ситуацијата во регионот и ги анализираат условите за евентуално одржување на трките, но по дополнителните проценки било заклучено дека ризикот е преголем.

Поврзани содржини