ВОЈНАТА ЌЕ СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА, РАНО Е ЗА ПРЕСВРТ Бајден беше искрен во врска со офанзивата во Украина

На новинарско прашање дали војната во Украина е на пресврт, Бајден вчера рече дека е тешко да се одговори, но дека смета дека конфликтот ќе се одолговлекува, пренесува Ројтерс.

223

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во Вилмингтон дека Украина постигнала значителен напредок во нејзината контраофанзива против руската армија, но дека не може да се каже дали војната е на пресвртница како што со тоа се фалат Украинците кои ја нарекоа нивната офанзива „снежна топка“ во која се ослободени 6.000 километри квадратни.

На новинарско прашање дали војната во Украина е на пресврт, Бајден вчера рече дека е тешко да се одговори, но дека смета дека конфликтот ќе се одолговлекува, пренесува Ројтерс.






Во последните денови, украинската армија постигна значителен напредок во својата контраофанзива против руските сили во областа Харков во источна Украина. Сепак, вистинскиот напредок е предмет на шпекулација бидејќи досегашните информации за успехот доаѓаат најчесто од украинските извори.

„Мерките за стабилизација“ беа завршени на околу половина од таа територија, рече Зеленски, „а низ ослободеното подрачје со приближно иста големина, мерките за стабилизација сè уште се во тек“.

Поврзани содржини