ВОЈНАТА ДА ЗАВРШИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ, БАРЕМ ДО ЛЕТОТО Трамп притиска по телефон, Зеленски бара тројна средба

Трамп по телефон му порача на Зеленски дека сака војната да заврши во рок од еден месец, со цел преговорите да добијат забрзано темпо. Разговорот доаѓа непосредно пред средбата на дипломатиод САД и Украина во Женева.

0

Војната трае предолго, би сакал да заврши во рок од еден месец му рекол американскиот претседател Доналд Трамп по телефон на украинскиот колега, тврди извор за порталот Аксиос. Разговорот пред денешната средба на дипломати во Женева за крај на војната доаѓа во чувствителен момент.

Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски се слушаат по телефон за првпат по светскиот економски самит во Давос во време кога Вашингтон го притиска Киев да одржи парламентарни избори и референдум за мировен договор со Русија.






Летото како цел, март како тест

Според истите извори, украински функционер и две анонимни лица, Трамп сакал мировен договор да се постигне до летото. Но, разликите околу прашањето за регионот Донбас меѓу Украина и Русија остануваат значителни.

Три извори за Аксиос го опишале разговорот како „многу пријателски и позитивен“. Зеленски му се заблагодарил на Трамп за досегашната поддршка.

– Само Трамп може да го принуди Путин да ја запре војната – рекол Зеленски.

Украинскиот претседател изразил надеж дека конфликтот ќе заврши оваа година.

Тројната средба, услов на Зеленски?

Една од клучните теми била можноста за трилатерален самит меѓу лидерите на САД, Украина и Русија. Зеленски претходно изјавил дека разликите околу териториите може да се надминат преку директни разговори со Трамп и Владимир Путин.

„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп поддржува таков низа чекори. Ова е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се заврши војната.“

Трамп, според изворите, рекол дека ќе работи на организирање таков самит ако состанокот на преговарачите во март донесе напредок. Денеска во Женева  пратениците на Трамп, Џаред Кушнер и Стив Виткоф ќе се сретнат со украински преговарачи.

Рускиот преговарач ќе се сретне само со Американците

Двајцата пратеници учествувале и во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски.

На денешната средба постои можност да „намине“ и рускиот претставник Кирил Дмитриев. Тој би можел да оствари одделни разговори со американските претставници, пишува Аксиос.

Украински функционер додал дека Трамп ја повторил подготвеноста да ѝ понуди на Украина значајни безбедносни гаранции од САД како дел од можен мировен договор.

Поврзани содржини