Во населбата Острово наскоро ќе започне изградбата на паркот „Бојмија“
Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5.500 м2.
Аеродром наскоро ќе се збогати со уште еден нов парк. Во населбата Острово почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики. Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5.500 м2.
– Во рамките на овој простор се предвидени пешачки патеки со павер-елементи, детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана – се вели во соопштението од Општината.
Со изградбата на овој парк ќе се збогати зеленилото во општината, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на живеење на жителите од сите генерации.