ВОЈНАТА ЗА КОЈА НЕ СЕ ЗБОРУВА Народот во борба со хунтата во Мјанмар

Граѓанскиот отпор во Мијанмар од мирни демонстрации се трансформира во вооружени напади кои можат да прераснат во граѓанска војна.

541

Додека светското внимание е насочено кон настаните во Украина и разврската од тензиите, во Мјанмар се случува вистинска револуција против воената хунта која насилно ја презеде власта во минатиот февруари. До сега, според проценките страдале над 12.000 жители во насилстватата, а бројот нагло почна да се зголемува од август.

Мјанмарската војска на 1 февруари минатата година ја презеде власта во државата и ги уапси главните цивилни политичари, меѓу кои и дефакто лидерката на Мјанмар, нобеловката Анг Сан Су Чи.






Воениот лидер, генералот Мин Аунг Хлаинг ја обвини цивилната власт за кражба на гласови на изборите, по што најави едногодишна воена состојба после која треба да се организираат нови избори.

Иако помина година од преземањето на власта на воената хунта тие повеќе не споменуваат нови демократски избори. Су Чи во декември е осудена на четири години затвор поради “поттикнување на неслога“ , а во јануари доби уште една казна од четири години поради “увоз и поседување на воки-токи“. Сето ова се случува додека таа очекува пресуди и за други дела за кои ја товари воената хунта.

Граѓаните на Мијанмар набрзо после воениот удар излгоа на улиците да протестираат против укинувањето на демократијата, но новата хунта на власт набрзо ги забрани протестите. Војниците имаа дозвола и го користеа правото со оружје да ги растеруваат демонстрантите. Во тој хаос често страдаа и случајни минувачи кои не беа дел од протестите.

Опозициската влада на народно единство, која дел се наоѓа во егзил, а дел во илегала во септември повика на “одбрамбена војна“ против хунтата на власт, по што голем дел од протестите од мирни станаа насилни и воружени.

Владата на народно единство формираше свои вооружени сили кои засега се лошо распределени низ Мјанмар и слабо координирани. Етничката припадност на овие сили е разнолика со што карактеристично е неучеството на мнозинството во Мјанмар – Бамарите.  Во таква состојба на теренот владее хаос, па многу од вооружените групи делуваат самостојно, иако се борат под исто знаме.

Почетокот на отпорот се одвиваше со рачно направено оружје, дрвени катапулти, импровизирани бомби, а многу од постарите граѓани почнаа да произведуваат барут. Главни мети на слабоорганизираниот и неискусен кадар на отпорот беа полициските станици, државните институции и инфраструктурата.

Хунтата на власт на ваквите напади реагира со полна снага. Тие палат и уништуват села и квартови во кои се сомневаат дека постојат борци на отпорот, а ги убиваат и сите кои ќе ги затекнат при акцијата.

Иако целта на овие одмазднички акции е да се уништи отпорот тие доведоа до контраефект. Ваквите наредби ги натераа искусните војници кои не сакаат да пукаат во својот народ да се приклучат кон отпорот.

Конфликтот е далеку од рамноправен, мјанмарската војска поседува оклопни возила и авиони и уште ја има поддршката од странските велесили Русија и Кина кои помагаат со оружје и муниција.

Поврзани содржини