📽 ВОЈНА СО ДРОНОВИ Украинците велат дека собориле 20 руски летала, а Русија дека уништила 33 украински
Русија изврши воздушен напад врз Украина во текот на ноќта користејќи балистичка ракета Искандер, крстосувачка ракета и нападни беспилотни летала - соопшти денеска украинското воздухопловство.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле крстосувачка ракета и 20 руски беспилотни летала, а руското Министерство за одбрана соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле 33 беспилотни летала лансирани од Украина.
„Русија изврши воздушен напад врз Украина во текот на ноќта користејќи балистичка ракета Искандер, крстосувачка ракета и нападни беспилотни летала“ – соопшти денеска украинското воздухопловство.
Украинските системи за противвоздушна одбрана уништија крстосувачка ракета и 20 нападни беспилотни летала, објавија воздухопловните сили на Телеграм.
„Ракетата „Искандер“ не ја достигна целта“ – се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили, без да се наведат детали.
Претходно руското Министерство за одбрана објави дека руските системи за противвоздушна одбрана уништиле 33 беспилотни летала лансирани од Украина над неколку руски региони.
„Беспилотните летала беа пресретнати или уништени пред да стигнат до нивните цели во регионите Липецк, Ростов и Волгоград“ – соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.
A Ukrainian Bradley vs. a russian IFV.
First, our combat vehicle damaged the enemy, and then an FPV drone finished it.📹: 47th Mechanized Brigade pic.twitter.com/4Yas6va02g
— Defense of Ukraine (@DefenceU) December 16, 2023