🎥 ВОЈНА ИЛИ НЕ, ВЕРА СИ Е ВЕРА Ултраортодоксните Евреи протестираа против одлуката да служат војска
Демонстрантите седеле на автопатот и лежеле на земја додека полицијата ги подигнувала и ги влечела.
Стотици ултраортодоксни Евреи вчерa два часа го блокираа главниот автопат во централен Израел во знак на протест против неодамнешната одлука на врховниот суд со која им се наредува на младите религиозни мажи да се пријават за воена служба, објави Гардијан.
Демонстрантите седеле на автопатот и лежеле наземи додека полицијата ги подигнувала и ги влечела.
Многумина демонстранти држеле транспаренти и скандирале „Во затвор! Не во војска!“
– Сите дојдовме овде за една цел, ја одразуваме позицијата на целата ортодоксна јавност. Целата ортодоксна јавност претпочита да оди во затвор, а не во војска – рекол млад демонстрант.
ВЕРНИК-НЕВЕРНИК, ВОЈНА Е ВОЈНА Ултраортодоксните Евреи ќе мора да служат војска