Во најдобар случај, пандемијата ќе заврши ова лето, вели руски експерт

Во најлош случај, коронавирусот ќе остане и следната зима, прогозира рускиот вирусолог  Шчелканов.

1,516

Во најдобар случај, пандемијата на коронавирусот ќе се намали во текот на летото, а во најлош случај, ќе остане во Русија уште една сезона, изјави рускиот вирусологот Михаил Шчелканов, пренесуваат руски медиуми.

– Најдоброто сценарио е во текот на летото, нашите европски и американски колеги да можат да ја преземат контролата над оваа ситуација и да спречат проширување на овој епидемиски бран. Тоа би било многу добро  – објаснил тој.






За средно сценарио за развој на пандемија вирусологот ја смета за ситуација во која коронавирусот ќе остане во светот уште една сезона, при што Европа ќе треба да биде ставена во карантин со универзални напори. Потоа, според него, Кина ќе биде принудена да ги затвори своите граници од САД и од земјите на ЕУ, бидејќи нивната состојба се стабилизира.

Во најлошото сценарио, следната зима ќе ја пречекаме во состојба на пандемија.

Русија засега има идентификувано 495 заразени со коронавирусот, а 22 болни се излечени.

Поврзани содржини