Во Министерството за внатрешни работи во моментов има 41 лице позитивно на ковид-19, а 180 вработени се во самоизолација.
Меѓу нив е и еден советник на министерот Наќе Чулев и двајца вработени во бифето во зградата кое ги опслужува вработените. Од вчера пет лица се во самоизлоација во наредните 14 дена, меѓу кои и државниот секретар Магдалена Несторовска и едно лице од службата за односи со јавност.