ВО МОСКВА СЀ СЕ ЗАТВОРИ Ќе работат само аптеки и поголеми маркети
Русија ќе биде затворена од 30 октомври (сабота) до 9 ноември, а рестрикциите можно е да продолжат и по овој датум. На 23 октомври процентот на вакцинирани изнесуваше недоволни 32,8 отсто, што е под просекот во многу европски земји. Русија предничи по смртност во Европа последниве недели, а од почетокот на пандемијата од коронавирус починале 230.000 луѓе во земјата.
Луѓето масовно купуваат месо и риба додека Москва прогласи единаесетдневен „локдаун“, а ќе работат само одредени супермаркети и аптеки, пишува Би-Би-Си. Рекордната смртност од 1.159 случаи и 40.096 новозаразени во последното деноноќие направи властите да им дадат девет слободни дена на работниците ширум земјата во обид да се спречи ширењето на вирусот, а многу Руси решиле да одлетаат на вистински одмор во Египет, па букирани се сите летови.
Русија ќе биде затворена од 30 октомври (сабота) до 9 ноември, а рестрикциите можно е да продолжат и по овој датум. На 23 октомври процентот на вакцинирани изнесуваше недоволни 32,8 отсто, што е под просекот во многу европски земји. Русија предничи по смртност во Европа последниве недели, а од почетокот на пандемијата од коронавирус починале 230.000 луѓе во земјата.
Зошто толку малку се вакцинираат Русите, кога имаат сопствена вакцина? И покрај интензивната државна акција за вакцинација, многу Руси и понатаму се сомневаат во вакцината С„путник V“, која инаку е меѓународно признаена како ефикасен штит против коронавирусот.