Во Москва досега најмногу починати од ковид-19 во еден ден

Во целата земја има 21.600 новозаразени. Најтешко е погодена Москва каде се регистрирани 6.700 новозаразени и 114 починати, што е најголем број од почетокот на пандемијата, известила новинската агенција Интерфах.

385

Бројот на новозаразени од коронавирусот пораснал за повеќе од 1.000 случаи во рускиот град Санкт Петербург, во пресрет на натпреварот во четвртфиналето на Еуро 2020, кое во тој град ќе се игра во петок.

Градските власти известиле за речиси 1.300 нови случаи во еден ден, 50 повеќе од ден претходно. Во тек од 24 часа повторно имало повеќе од 100 починати.






Во целата земја има 21.600 новозаразени. Најтешко е погодена Москва каде се регистрирани 6.700 новозаразени и 114 починати, што е најголем број од почетокот на пандемијата, известила новинската агенција Интерфах.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин, осврнувајќи се на брзото ширење на индискиот сој, рекол:

– За од корен да го решите овој проблем, мора да се вакцинирате или да воведете карантин.

Поврзани содржини