ВО МОМЕНТОВ СИ ПОДОБАР ОД МЕНЕ Ѓоковиќ се скрши по поразот во Мајами, но му оддаде почит на Меншик
Не сакам многу да зборувам, но некои работи морам да ги кажам. Ова е моментот на Јакуб (Меншик), неверојатен турнир, прв од многу, како што рече тој. Морам да признаам, моментално си подобар, одлично се трудеше во тешки моменти, за младите играчи тоа е многу важно. Ти посакувам сѐ најдобро, можеби ќе ми дозволиш следниот пат да победам, ти имаш повеќе време и години пред себе, му кажа Новак Ѓоковиќ на Јакуб Меншик.
Новак Ѓоковиќ беше поразен во финалето на мастерсот во Мајами од Чехот Јакуб Меншик со 2:0, по сетови 7.6 (4), 7:6 (4).
Новак, и покрај тешкиот пораз, ја покажа својата големина со тоа што му се поклони на ривалот и призна дека тој е подобар во овој момент. Тој истакна дека Меншик има комплетна игра, со моќен и прецизен сервис, одличен бекхенд и со значително подобрен форхенд. Ѓоковиќ додаде дека е уверен дека Меншик ќе биде еден од најдобрите играчи во светот во иднина, објави Ројтерс.
– Не сакам многу да зборувам, но некои работи морам да ги кажам. Ова е моментот на Јакуб, неверојатен турнир, прв од многу, како што рече тој. Морам да признаам, моментално си подобар, одлично се трудеше во тешки моменти, за младите играчи тоа е многу важно. Ти посакувам сѐ најдобро, можеби ќе ми дозволиш следниот пат да победам, ти имаш повеќе време и години пред себе – кажа Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ, исто така, спомена дека денот бил необичен поради доцнењето, предизвикано од дождот и од други околности, но нагласи дека не сака да бара изговори за поразот. Тој изрази благодарност за поддршката од публиката и задоволство од искуството во Мајами, истакнувајќи дека турнирот му донел многу радост и добри чувства на и надвор од теренот.
Со оваа победа, Меншик ја освои својата прва АТП титула и стана вториот најмлад шампион на Мастерсот во Мајами, по Карлос Алкараз кој го освои турнирот во 2021 година на 18-годишна возраст.