Во минус: Северина пријавила загуба од 11.800 евра

403

Како што пренесуваат медиумите, Северина Којиќ објавила дека нејзината фирма во 2019 година има загуба од дури 12.000 евра.

Соговорниците од Хрватска, како што пишува српски „Курир“, велат дека нивните естрадни ѕвезди ги фингираат заработувачките и ја користат дупката во законот, а како што е наведено понатаму, анализирајќи го деловниот систем на компанијата „Дук Продакшн“ за производство на филмови, видеа и телевизиска програмa, во сопственост на Северина Којиќ, може да се види дека пејачката пријавила поголеми загуби од приходите, па со самото тоа немала причина да плаќа данок на државата, пренесува српски „Блиц“.






Северина, според пријавате на тамошната Агенција за деловни регистри, навела дека заработила 99.470 евра во 2019 година, но на нематеријални трошоци, камати, патувања и слично потрошила вкупно 111.311 евра. Салдото на крајот на годината изнесувало минус 11.841 евро. Финансиските контролори уредно ги провериле документите на Северина и констатирале дека таа има просечен прилив на пари, но дека компанијата работи лошо и дека нема основа за наплата на данокот, наведува  спомнатиот весник.

 

Поврзани содржини