Во Милано секој дваесетти крводарител имал антитела на ковид-19 пред 21 февруари

Анализата на поликлиниката во Милано потврди дека вирусот циркулирал во Италија пред 21 февруари, кога е утврден првиот позитивен случај на ковид-19 објави „Кориере дела сера“.

440

Според истражувањето кое било спроведено во Милано, секој дваесетти дарител на крв имал развиено антитела на ковид-19 пред првиот официјален позитивен случај во Италија кон крајот на февруари.

Анализата на поликлиниката во Милано потврди дека вирусот циркулирал во Италија пред 21 февруари, кога е утврден првиот позитивен случај на ковид-19 објави „Кориере дела сера“.






Истражувањето, со кое се опфатени 800 дарители на крв, објавено е на страницата „medRxiv”, а укажува дека на почетокот на епидемијата 4,6 отсто од дарителите веќе имале антитела на вирусот, а тој процент пораснал на почетокот на април на 7,1 отсто.

Студијата ја спровеле експерти од Одделението за трансфузиологија на поликлиниката во Милано во соработка со Универзитетот во Милано и уште неколку истражувачи од установи во главниот град на Ломбардија, најтешко погодениот регион во Италија.

Се вели дека за студијата се користени сочувани примероци од крв за да се утврди присуството на антитела, а не затоа што вирусот се пренесува преку крв.

Според истражувањето утврдено е дека најпрво биле заразени млади, а неодамнешните случаи се поврзани повеќе со постари лица.

По САД и Велика британија, Италија е на трето место со повеќе од 32.000 лица починати од ковид-19.

Поврзани содржини