ВО МАВРОВСКО УБИЕНА МЕЧКА СО ДВЕ МЕЧИЊА Ловот на мечките во Македонија е трајно забранет
Во Националниот парк Маврово живее кафеавата мечка. Овие животни се заштитен сој уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година, нивниот лов е трајно забранет.
Мечка и две мали мечиња убиени се денеска во село Жировница, Општина Маврово – Ростуше, соопшти директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.
-Денеска бевме запрепастени дека во село Жировница се убиени мечка и две мечиња. По пријава на националниот парк Маврово, Државниот инспекторат за животна средина пристапи на лице место – изјави Стојковски.
Директорот на ДИЖС на прес-конференција претстави извештај за работата на Инспекторатот за периодот јануари-јуни годинава.
Во Националниот парк Маврово живее кафеавата мечка. Овие животни се заштитен сој уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година, нивниот лов е трајно забранет.