Во општина Липково има 170 заболени од коронавирус, од кои 60 активни и шестмина денеска потврдени, пет во Слупчане и еден во Матејче, изјавил за телевизија Телма градоначалникот Еркан Арифи.
Инаку, во Матејче има вкупно 42 заболени, распоредени во неколку семејства.
– Последните денови жителите конечно почнале да прифаќаат да се тестираат. Еден има со симптоми во семејството. Се тестираат уште десет. Од нив 8 болни се, а немаат никакви симптоми – изјавил градоначалник на Липково.
Во кумановскиот регион откриени се вкупно 11 нови случаеви, од кои 5 денеска се од Куманово. Меѓу нив е една медицинска сестра од инфективното одделение во болницата, а вчера беше потврдена и лекарка која работи во ординација во Слупчане.