ВО МАРТ МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ ПОРАСНЕ, А АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ЌЕ ЧАСТАТ Владата ќе им ги зголеми платите линеарно

Со порастот на минималната, ќе има и линеарно зголемување на платите во јавниот сектор, најави вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи.

2,191

Во март линеарно ќе биде зголемена платата во јавниот сектор, за толку за колку што е зголемена минималната плата, рече вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи велерва во гостувањето во „24 анализа“

Со Законот за административни службеници сите ќе бидат опфатени.






-За ова веќе ќе нема уценувања, ќе нема наддавања меѓу синдикатите и работодавачите. Дефиниравме заедно методологија, критериумите за пораст се трошоците за живот, односно инфлацијата и порастот на просечната плата. Тоа е заедно усогласено системско решение. Системско е зашто беше одобрено од сите засегнати страни, односно од синдикатите и од работодавачите – рече Битиќи.
Тој додаде дека во март освен што ќе има зголемување на минималната плата, во јавниот сектор ќе има усогласување на платите, a пари во буџетот веќе се обезбедени.

Поврзани содржини