Во Македонија нема мутација на коронавирусот од Велика Британија

183

Минисерот за здравство Венко Филипче информира дека анализите од лабораторијата во МАНУ покажале дека во Македонија нема мутација на коронавирусот како тој од Велика Британија, Сепак тоj укажа дека мерките и препораките остануваат на сила иако изминативе денови има намалување на бројот на заразени во државава.

– Мислам дека се уште треба да бидеме внимателни иако паѓа бројот на новозаразени, во последните неколку денови како да се оддржува едно плато. И сега сме во ситуација кога повторно почнуваат училиштата да функционираат, така да сите мерки ќе останат и понатаму. Идната недела ќе правиме анализа на сите бројки од изминатите недели и ќе носиме други одлуки за други препораки ако има простор. Дојдоа резултатите од анализите во лабораторијата во МАНУ кај што беше утврдено дека нема мутација на вирусот слично на таа во Велика Британија, Дека практично е истиот вирус кој беше присутен изминативе месеци, но тоа не треба да не олабави – изјави Филипче.

Поврзани содржини