🎥 ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ Милошоски вели тоа го потврдува во изјава и британскиот амбасадор во земјава

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавите на опозиционите партии кои се потпираат на текст на британски медиум дека Британија преговара со Македонија за изградба на бегалски кампови во кои ќе бидат примани мигранти од Велика Британија. 

2,255

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ, а тоа, како што рече денеска на прес -конференција пратеникот Антонијо Милошоски, во изјава го потврдил и амбасадорот на Oбединетото кралство во земјава.

– Британија откако излезе од ЕУ со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ  склучува вакви договори каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс за борба против организирана, нелегална, миграција….Тоа го прави со овој дополнителен механизам кој е комплементарен со Фронтекс. И на крај, нема подобар демант за ваквите спинови од на некои опозициони партии од изјавата на британскиот амбасадор кој изјави дека Британско – македонскиот стратешки договор предвидува и потврдува  инвестирање во инфраструктура, во образование  и во одбрана, но не предвидува во Македонија изградба на бегалски кампови во Македонија – рече Милошоски.






Тој реагираше на изјавите на опозиционите партии кои се потпираат на текст на британски медиум дека Британија преговара со Македонија прима депортирани одбиени азиланти во земјава. Според објавите, двете држави од есенва биле влезени во формални преговори за да се реализира овој план.

Поврзани содржини