ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ДВА КОНЦЕПТИ Платите ги покачува СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ блокира

СДСМ покажува што значи одговорно владеење, ВМРО-ДПМНЕ деструкција. Тоа е особено видливо во македонското Собрание каде со месеци ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за поголеми плати на 27.000 наставици и наставнички, порача Кузеска.

330

Во изминатиот период граѓаните гледаат два концепти на политичко делување. СДСМ покачува плати и пензии, реализира мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и повисок животен стандард за сите граѓани, додека ВМРО-ДПМНЕ блокира, истака на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

– СДСМ покажува што значи одговорно владеење, ВМРО-ДПМНЕ деструкција. Тоа е особено видливо во македонското Собрание каде со месеци ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за поголеми плати на 27.000 наставици и наставнички. ВМРО-ДПМНЕ беше против покачувањето и на минималната плата а нивните градоначалници не презедоа ништо за заштита на граѓаните од енергетската криза – посочи таа.






Кузеска стакна дека концептот на СДСМ значи повеќе пари кај граѓаните, кај работниците, наставниците, а концептот на ВМРО-ДПМНЕ значат блокади, тензии, кризи, деструкција.

– Новата Влада предводена од СДСМ се посвети на битка со економската криза и буџетот кон директна поддршка на граѓаните. Од април, со новото законско решение, околу 80 000 работници ќе примат 18.000 денари плата или за 9.000 денари повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ја покачуваме минималната плата, но и ги поддржуваме компаниите со субвенции да може да ја исплатат во висина од 16 милиони евра. И граѓаните и компаниите се поддржани во овој процес – додаде Кузеска.

Поврзани содржини