ВО МАКЕДОНИЈА Е СМРЗНУВАЧКА Утринава се измерени -11 степени во Берово, а под 0 беше и температурата во другите градови

Висината на снежната покривка, измерена во 7 часот утринава, изнесува 30 сантиметри на Попова Шапка и 13 сантиметри во Маврови Анови.

2,954

Утрово најниска темепература во земјава од -11 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР.

Со -7 степени следуваат Скопје-Петровец, Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Велес, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Претор и Кавадарци и -4 степени во Охрид, Виница и Гевгелија.






Висината на снежната покривка, измерена во 7 часот утринава, изнесува 30 сантиметри на Попова Шапка и 13 сантиметри во Маврови Анови.

Утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветар.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Поврзани содржини