ВО МАЈ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ СО СТРУЈА Не се знае каква цена на струјата ќе се плаќа од 1 јули

На јавниот повик за избор на универзален снабдувач, понуди доставија ЕВН Македонија, Електроснабдување Скопје,  ЕСМ продажба и група понудувачи ЕДС.

185

До крајот на април треба да биде избран универзален снабдувач со електрична енергија кога ќе биде доставен и предлогот до владата, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој не очекува промени на цената на струјата и по 1 јули кога треба да има нов универзален снабдувач, како што вели, бидејќи тоа не го покажуваат сегашните параметри, а е стабилизирана и енергетска состојба.






– За универзалниот снабдувач се добиени три понуди, постапката е во тек, комисијата работи и има рок да донесе соодветна одлука до крајот на април за да ѝ предложи на Владата – рече Бектеши.

На јавниот повик за избор на универзален снабдувач, понуди доставија ЕВН Македонија, Електроснабдување Скопје, ЕСМ продажба и група понудувачи ЕДС.

Бектеши убедува дека до 1 јули ќе нема никаква измена во делот на утврдување на цената на струјата, но каква ќе биде одлуката од 1 јули, рече дека не може да каже бидејќи треба да се видат влезните параметри во првите шест месеци од годината.

– Но, енергетската криза во нашата држава е целосно стаблизирана, редовно се одвиваат сите заложби на енергетските компании и другите вклучени и затоа не очекуваме да има зголемување на цената и од 1 јули имајќи ги предвид параметрите што ги имаме во моментот и тоа што беше претходно ако го споредуваме со тоа што го имаме во моментов во енергетскиот сектор – рече Бектеши.

Во однос на поплаките на граѓаните за испорачани превисоки сметки во јануари, тој рече дека цените во блоковите се многу транспарентни и објавени од Регулаторната комисија за енергетика и не верува дека има зголемување на цените повеќе  од утврденото.

– Ако сметаат дека има некоја грешка или злоупотреба, граѓаните секогаш имаат право на жалба до РКЕ – порача Бектеши.

 

Поврзани содржини