Во Лондон спречен протест против мерките за коронавирусот и против мрежата 5Г

Како што јавуваат британските медиуми, група од околу 50 граѓани протестирале против мерките, а дел од нив  и против мрежата 5Г, потенцирајќи дека тие се луѓе кои сè уште имаат некои права.

368

Полицијата во Лондон синоќа спречи помал протест пред британскиот Парламент во Вестминстер против мерките воведени за справување со новиот коронавирус.

Како што јавуваат британските медиуми, група од околу 50 граѓани протестирале против мерките, а дел од нив  и против мрежата 5Г, потенцирајќи дека тие се луѓе кои сè уште имаат некои права.






Полицијата побарала од нив да заминат со предупредување дека се забранети собири, по што казниле и уапсиле неколку демонстранти. 

Поврзани содржини