ВО ЛОНДОН Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Орбан упати остри критики кон ЕУ

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, потенцираше дека одлуката за продолжување на војната во Украина е „лоша, погрешна и опасна“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.

417

Вчера во Лондон е донесена одлука за продолжување на војната во Украина, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, пренесе Тасним њуз.

За потсетување, на самитот што се одржа вчера, на кој учествуваа лидери на 19 земји, беше одлучено поддршката за Украина да продолжи и дека повторното вооружување ќе биде неопходно за безбедноста на Европа.






„Во Лондон европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир. Тие одлучија Украина да ја продолжи војната“, напиша унгарскиот премиер на Фејсбук.

Тој потоа додаде дека „ова е лошо, погрешно и опасно“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.

На состанокот, чијшто домаќин беше премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, присуствуваа 19 лидери, главно европски шефови на држави и влади, но беа и премиерот на Канада, Џастин Трудо, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

УНГАРИЈА ПАК СТАВИ КОЧНИЦА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ ЗА УКРАИНА Будимпешта блокираше нацрт-документ на Унијата

Поврзани содржини