Во Централниот регистар на Бугарија пишува дека Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, е „во ликвидација“, објави „360 степени“.
Три години откако бугарското обвинителство покренало процес против организацијата регистрирана во 2019 година, случајот дури сега добива правна разврска која може да значи и затворање на клубот „Никола Вапцаров“, кој вчера свечено беше отворен во Благоевград.
– Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато – рекол Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен клуб за „350 степени“.