Во Куманово уште 19 заболени од ковид-19

568

Уште 19 лица се заразени со вирусот ковид-19 во Куманово, потврдил за ТВ Телма градоначаникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Со тоа бројот на заболени во оваа општина изнесува 160. Во општина Липково денеска има два нови случаи, вкупно осум досега.






Меѓу новозаболените најмалку едно лице е медицински работник.

Димитриески вчера побара од Министерството за здравство да се затвори гинеколошкото одделние во болницата, како и резултатите на тестираните од оваа општина да бидат приоритетни.

Поврзани содржини